Родителите на дете од Нова Горица, кое поради лоша лекарска одлука е родено со церебрална парализа и не може да се движи и да зборува, добија со неправосилна пресуда отштета од 800.000 евра, што е досега една од најголемите отштети што словенечките судови ја досудиле за лекарска грешка.
Случајот на жената И.Т.Ј. се влечел по судовите 11 години. Таа дошла во родилиштето во Постојна дошла со упат на кој е препорачано породување со царски рез, но лекарот сам решил да се породува природно, без да ѝ ги објасни ризиците од вагинално породување. Отштетата од 800.000 евра на родителите им е доделена по повтореното судење, откако првичната пресуда со уште поголема отштета од 840.000 евра била поништена поради процедурална грешка.
Судот ја пресметал висината на отштетата според сумата од 400 просечни месечни плати, плус камати за периодот од кога е пријавен во судот и лекарската комора, но родилиштето најави дека ќе ја обжали пресудата.
Родителите на детето изјавиле дека сакат да бидат сигурни дека тоа ќе има финансиска поддршка и грижа и тогаш кога тие повеќе нема да можат да се грижат за него.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст