Златко Захович, спортскиот директор на Марибор на прес-конференција во Љубљана му се извини на Агим Ибраими за изречените навреди преку СМС-преписката која фудбалерот и членот на управата на клубот ја имаа пред неколку дена.
Словенечката фудбалска легенда и еден од најдобрите словенечки фудбалери во историјата го навредуваше македонскиот репрезентативец пред неколку дена, но собра храброст и излезе пред новинарите за јавно да се извини. Исто така, тој соопшти и дека разговарал со директорот и ќе ја прифати секоја казна за непримерните зборови.
– Мојата реакција беше грозна и непримерна и навистина се извинувам. Не се гордеам со она што го направив. Бев на состанок и со претседателот и му кажав дека сум подготвен да ја прифатам било која казна за непримерноста. Јас сум виновен, но јас во мојата кариера ниту еднаш не сум дозволил нешто да излезе надвор од соблекувалната. Што се однесува до Агим, тој треба да реши што сака – изјави Захович.
Македонскиот фудбалер најави дека е подготвен да си замине од Марибор затоа што спортскиот директор го навредил со тешки зборови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.