Во близина на метро станица седи жена на неодредена возраст. Косата ѝ е разбушавена и валкана, главата тажно наведната. Седи на валканиот под, а покрај неа лежи торба во која луѓето ѝ фрлаат пари. На нејзините раце спие двегодишно дете. Има валкани капа и облека.
Многубројните минувачи ќе ѝ дадат пари на „Мадоната со детето“. Луѓето како нас секогаш ги жалат помалку среќните. Подготвени сме на несреќниците да им ги дадеме последните кошула и пари од џебот не размислувајќи подлабоко на таа тема. Помагањето ни изгледа како добро нешто.
Минував покрај просјачката цел месец и не ѝ давав пари бидејќи знаев дека станува збор за банда и дека парите што ќе ги собере ќе завршат кај оние кои во тој реон ги контролираат просјаците. А тие имаат луксузни куќи и неколку автомобили. Нормално, и просјаците навечер нешто добиваат – шише вотка и ќебапи.
Еден месец подоцна, додека минував покрај просјачката, ми текна! Стојам на прометна крстосница, гледам во детето облечено во валкана облека како и обично. Тогаш сфатив дека нешто не е во ред. На валканата станица на подземната железница детето спие од утро до вечер. Никогаш не плаче ниту вреска, само лежи со главата збуткана во скутот на својата МАЈКА.
Зошто цело време спие!?
Има ли некој од вас читателите деца? Се сеќавате ли колку спиеја на возраст од година, две или три? Еден час, два, најмногу три за време на попладневната дремка (најчесто не одеднаш) и повторно во акција. За цел месец, колку што минував од таму, детето не го видов будно! Погледнав во малото човече, потоа во мајката, просјачката, и мојот сомнеж порасна.
„Зошто постојано спие?“, ја прашав зјапајќи во детето. Просјачката се правеше дека не ме слуша. Го спушти погледот и ја скри главата зад јаката на искинатата јакна. Го повторив прашањето. Таа го подигна погледот и нервозно се загледа некаде зад мојот грб. Нејзиниот поглед изгледаше како да е суштество од друга планета. „Одеби“, промрмори. „Зошто спие“, сега веќе речиси викав. Потоа некој ме фати за рамо одзади. Се свртев и видов старец кој со неодобрување ми кажа: „Што сакаш од неа? Не гледаш колку ѝ е тежок животот?“. Извади неколку монети од џебот и ги фрли во нејзината торба.
Просјачката со раката направи крст со понизен и тажен изглед на лицето. Човекот си замина дома каде најверојатно ќе раскаже дека ја одбранил сиротата просјачка од бездушен човек во метрото.
„Децата се на хероин или на вотка за да не урлаат“
Следниот ден му се јавив на пријател. Смешен лик, со очи како маслинки, од ромска националност. Има сѐ на сѐ три и пол години училиште. И покрај недостигот од образование, тој низ градот се вози со скапи автомобили и живее во „малечка“ куќа со безброј прозорци и балкони. Од него успеав да дознаам дека тој бизнис, и покрај навидум спонтаното дејствување, е многу организиран, а го надгледуваат организирани банди просјаци. Децата што ги користат се „изнајмени“ од семејства на алкохоличари, или се едноставно украдени. Ми требаше одговор на прашањето – зошто детето спиеше? И го добив. Мојот пријател Циго со најнормален, смирен глас, како да чита временска прогноза, ми кажа нешто што целосно ме вчудовиде: „На хероин се, или на вотка“. Не можев да си дојдам на себе. „Кој е на хероин или вотка?“. „Детето, за да не урла. Жената со него седи по цел ден, замисли колку му е досадно на малиот“.
За детето да спие, го „накркуваат“ со дрога или вотка. Нормално, детските тела не можат да се носат со таквиот шок па најчесто умираат. Што е најлошо, понекогаш умираат во „работно време“. А имагинарната мајка мора мртвото дете да го држи во раце сѐ до вечерта. Тоа се правилата. А минувачите ќе фрлаат монети, верувајќи дека се морални, дека и помагаат на „мајката“.
Борба со ветерници
Следниот ден минав низ истата станица. Решив да се претставам како новинар и се подготвив за сериозен разговор. Меѓутоа, разговорот не успеа. Се случи следното: Жената седеше на подот и во рацете држеше дете. Ја прашав за документите на детето, и, уште поважно, каде е вчерашното дете. Таа едноставно ме игнорираше. Моите прашања не ги игнорираа останатите минувачи. Ми кажаа дека не сум здрав затоа што ѝ викам на кутрата просјачка со дете. Сѐ на сѐ, срамно бев изведен од подземната железница. Единствено што ми остана беше да викнам полиција. Кога стигна, просјачката со детето исчезна, а јас сфатив дека всушност се борам со ветерници.
Кога во метро или на улица ќе видите жена со дете што проси, размислете пред да ѝ дадете пари. Размислете за тоа дека ако нема стотици и илјадници минувачи кои ѝ даваат пари, ваквиот бизнис ќе пропадне. Таквиот бизнис треба да умре, а не детето издрогирано со вотка или хероин. Не гледајте со љубов кон заспаното дете, туку со – ужас.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст