| четврток, 6 декември 2018 |

Мануела е жива, но исцрпена: Совесен возач ја вратил дома

По три дена трагање, вечерва е пронајдена 17-годишната Мануела. Семејството Пандеви од Пиперево потврди дека нивното чедо се вратило, но поради премор девојката е однесена во струмичката болница. Дедото Драги изјави дека Мануела била забележана кај Демир Капија, каде што барала превоз до Валандово, но совесен возач запознаен со случајот дека се трага по девојката, ја донел лично до Струмица.

manuela_strumica

За потсетување, Мануела од засега непознати причини исчезна во понеделникот наутро кога тргнала на училиште. По објавувањето на веста загрижени граѓани се јавувале дека ја забележале во Гевгелија, Росоман и во Кавадарци. Семејството Пандеви упатија благодарност до сите што дале свој придонес за пронаоѓање на Мануела.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top