Манифестацијата беше прогласена за отворена од страна на Претседателот на Советот на општина Пробиштип, Ранко Давитков кој ги поздрави присутните гости и им посака успешна работа во наредните два дена и се заблагодари што оваа година оваа манифестација се одржува токму во Пробиштип.
Во акцијата беа вклучени повеке од 130 вработени во АПРЗ од цела Р.М., меѓу кои беше и Директорот на Агенцијата, Јордан Кузмановски, вработени од ПЕ на Министерството за земјоделство шумарство и водостопанство Пробиштип и поголем број на граѓани кои сакаа да помогнат во оваа акција на калемење на Дивата крушка, а имаше и граѓани кои дојдоа да научат да облагородуваат односно да калемат диви дрвца.
Калемењето се одвиваше на две локации и тоа во Леговец во Атар на Злетово и Грбовец во атар на село Плешенци.
Според информациите добиени од подрачната канцеларија на АПРЗ и ПЕ на МЗСВ во оваа акција се облагородени односно искалемени повеке од 1500 Диви крушки – горници, кои после неколку години ке станат родни што ке претставува благодет за општината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сестрите кои исчезнаа во Пробиштип се пронајдени во Крушево
-
Министер од актуелната влада во Пробиштип агитира во изборен молк
-
Груевски ѝ порача на власта: Вие не може да го уништите ВМРО, сте се фатиле на погрешно оро
-
Пробиштип: 11-годишно девојче се сликало разголено па било уценувано од возрасен маж