| четврток, 6 декември 2018 |

Летале шишиња, скршен е нос – се степале Босанците кои ќе пеат на Евровизија

Секогаш кога станува збор за „Евровизија“ скандалите се неизбежни. Како што објавуваат босанските медиуми, на снимање на една емисија, физички се пресметале членовите на тимот на Босна и Херцеговина кој ќе ја претставува оваа земја на изборот на песна за Евровизија.

Според сведоците, на снимањето присустувале Фауд Бацковиќ, Делал Мидат Талкиќ, Јасмин Фазалиќ Јала и Ана Руцнер. Одедаш, од непознати причини почнале да летаат боксови и шишиња. На снимањето бил и авторот на песната и продуцентот за настап Алмир Ајановиќ, кој му го скршил носот на Јасмин Фазлиќ.

Во тепачката настрадал и пејачот Шаќир Амети, кој добил шише во главата и имал голема среќа што не го изгубил окото.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top