1. Наградата ,,ПАНЧЕ ПЕШЕВ“ највисоко професионално признание кое го доделува Сојузот на композитори на Македонија – СОКОМ на музички творци и музички писатели со цел да се истакнат најзначајните музички достигнувања во областа на музичкото творештво и музикологијата во текот на една година, за 2015 година се доделува на на композиторот Стојан Стојков за оперското дело “ЗМЕОВА НЕВЕСТА“ , по либрето на авторот, на текст на Димитар Молеров, изведено на 7 февруари 2015 година со солистите и ансамблите на Македонската опера и балет под диригентсво на маестро Саша Николовски – Ѓумар.
2. Наградата “ГЕОРГИ БОЖИКОВ“ која Сојузот на композитори на Македонија – СОКОМ ја доделува на музички уметници и ансамбли за најуспешна јавна изведба на дела од македонски композитори во текот на една година, за 2015 годинасе доделува на диригентот Бисера Чадловска за континуирана изведба на дела од македонски композитори во 2015 година.
Наградите на добитниците ке бидат врачени на завршиот концерт на “Денови на македонска музика“ со Македонската филхармонија, вечерва (14 април) во 20 часот во концертаната сала на Дом на АРМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


