| четврток, 6 декември 2018 |

Визионерот Ниче Македон настрада од ајкула

Писателот, визионер и управител на „Македон бетон“, Ниче Димовски Македон, ги извести своите читатели дека најавените предавања во рамките на Саемот на книгата нема да се одржат, зашто, како што објавил администраторот на неговата страница, писателот доживеал голема незгода додека снимал документарец во Средна Америка.

Експедицијата во која учествувал доживеала незгода- ненадејно се појавила голема ајкула и за да ја ѝ избегаат на ајкулата, нуркачите брзо изнуркале од голема длабочина и и сега имаат проблеми со осмотскиот притисок.

niche makedonski

Авторот на „Александар Македонски – лавот од Македон“, „Бог е жив“, „Вистината за вечноста“ загубил третина од левото белодробно крило, но е згружен во болница, во стабилна состојба. Лекарите веруваат дека иако има амнезија, ќе го поврати сеќавањето.

Во текот на денови неговите обожавачи и други следбеници на социјалната мрежа Фејсбук му пружаат поддршка и му упатуваат топли зборови и искрени желби за брзо закрепнување и враќање во Македонија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top