| четврток, 6 декември 2018 |

Вкусни и лековити: Краставичките изедете ги, течноста не фрлајте ја!

 

krastavicki

Веројатно ова не сте го знаеле, но течноста од киселите краставички е многу корисна. Таа може да ви помогне кога сте во тесно.

Доколку одите на плажа и добиете изгореници од сонце, се што треба да направите е да се намачкате со течноста од киселите краставички, зашто ја намалува болката.

Она што сигурно не сте го знаеле е дека помага против мамурлак. Ако многу сте пиеле и треба да се освестите, испијте ја течноста од киселите краставички. Се препорачува да се испие пред легнување, за утрото да немате главоболка.

Со оваа течност се спречуваат и болките и грчевите во мускулите. тренерите после тренинг или физички напор препорачуваат една четвртина од оваа течност помешана со вода, за да го опуштите телото и намалите болката.

Оваа течност е добра и за болки во грлото и намалување на симптомите на настинка.

Со неа можете да ги исчистите и бакарните предмети и така тие да го повратат сјајот.

Исто така, може да ја употребите и како ѓубриво за вашите дворови и градини.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top