Португалскиот борец во ММА, Жоао Карвалјо (28), почина од повреди здобиени во борба во кафез, која се одржа во Даблин. Тој со технички нокаут беше поразен од домашниот натпреварувач Чарли Варда.
На крајот на борбата Карвалјо му се пожалил на својот лекар дека чувствува големи болки, па веднаш бил однесен во болница. Имал операција итна на мозокот, но им подлегнал на повредите.
Организаторите објавија дека медицинската служба за време на натпреварите во Даблин ги следела сите протоколи.
– Лекарите го проверуваа Карвалјо по секоја рунда и секогаш даваше свесни одговори на прашањата кои му беа поставени. Знаеше каде е, која рунда завршила и кој ден е во неделата. Сите неговите одговори беа совршени. По завршувањето на борбата изјави дека нема главоболка, но дека е многу уморен. Се се чинеше дека во ред, бидејќи нормалното одеше, зборуваше, па дури и се смееше. Десет минути подоцна почна да се жали дека има вртоглавица и почна да повраќа, изјавија организаторите на борбата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст