По вчерашната прошетка низ Скопје и „приклучувањето“ на сопствениот протест, Заев заминал на јака журка до мугрите. Се одржала на тајна локација, некаде на рид со поглед на Скопје, кој не бил Водно. Поточно, забавата се одвивала на 19-от од 30-те подземни катови на една странска установа, брифираат извори, воедно и финансиери на„Минус инфо“. Таму, прегрнати и пресреќни Зоранитепееле и се пијанчеле до зори, дознава ексклузивно сајтот.
Заев и Верушевски, иако силно се труделе, не можеле да ги сокријат солзите радосници пред одбраното друштво конспиратори, меѓу кои биле Милчин, Најчевска, Фрчковски, Тортевски, Тричковски, Геровски, Сарачини и Дерала. Шкариќ не дошол поради простатата. Највесел, сепак, бил Калајџиев, кој пукнал од среќа што Иванов им ги скратил краците на СЈО, поведен од фактот што токму тој требало да биде Катица Јанева, за што си купил и одело и си избрал тим, ама го изработиле и зезнале. Сега, му паднал каменот од грб и тој со Зораните бил озарен до уши и играл на маса.На забавата ги анимирал ди-џеј Шилегов, кој според извори на порталот, поради огромното количество виски ја уништил атмосферата со грдиот избор на песни, слично како и на журката во Кампот пред Влада.
Покровител на прошталната гудбај-затвор забава за Зораните бил чадорот, а кетерингот го обезбедил лично Сорос. Отец Пимен, пак, како духовен отец ги осветил имењаците со молитва и им посакал уште многу аболиции. За веселото друштво, отецот потврдил дека „си го барал“ и за среќа си го нашол кај Заев.
Честитки во шифрирана формаод соседниот спратпристигнале и од компанијата домаќин „ЏесБејли, џес брате“, како и од неговите германски, холандски и британски филијали.
Повикана била и Јанева, која секогаш, во рамките на секојдневните конспиративни посети на дотичната установа се пријавувала со лажен идентитет на смокварка од Мрзенци. Овојпат, за силно разочарување на антимакедонските конспиратори таа не дошла. Извори од СЈО потврдиле дека Ката во тешка депресија под дијазепамизаминала на теферич на нивата без смокви, Ленче смирувачки се шатирала цел ден, а Фатиме се смирувала со шопинг на нови комплети од црн латекс. Барем на 5 минути, се развеселила што како редовен купувач, камшикот сега и доаѓал гратис.
Сите присутни, пак, свечено му ветиле на Заев и дале заклетва пред УСАИД дека секојдневно ќе ги носат на протести вработените од нивните НВО фирми, светувајќи зголемен број демонстранти ако Сорос го одврзе ќесето. Журката завршила околу 5 часот наутро, а за доброто расположение сведочеле стотиците празни флаши и изедениот кетеринг. Недопрени, останале само ракијата и корнишоните, за кои журкаџиите се сомневале дека се од нивите на славеникот Заев. Ракија, пак, синокрвните чеда не пиеле, оти била пијалак за „стадото“, строго и со партиски указ забранет за консумирање од врхушката на екс Бихаќка. Се било итно исчистено и дезинтегрирано, амамурните фаци на раководството останале единствен доказ за јаката журка на тазе аболираните, кои денеска повторно ќе мора да глумат тага и несогласување со одлуката на Иванов…
Олаф од Фрозен
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
Олаф од фрозен
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст