| четврток, 6 декември 2018 |

ЕУ стравува од ИД, а најголема закана ѝ е Путин

Putin ISIS

Режимот на рускиот претседател Владимир Путин ја користи бегалската криза за дестабилизација на ЕУ, пишува во авторски текст американскиот милијардер Џорџ Сорос.

Во текстот што го пренесува словенечко „Дело“ Сорос наведува дека на режимот на Путин, поради големиот број долгови и ниските цени на енергенсите, следната година му се заканува банкрот.

„За режимот на Путин најделотворен начин на ја избегне својата пропаст е да се погрижи пред него да пропадне ЕУ“, наведува Сорос и додава дека ЕУ, која веќе е огодена од голема криза, нема да може во таква состојба да ги одржи економските санкции против Русија, воведени поради руската анексија на Крим.

„Поделената Европа ќе му биде многу од корист на Путин, зашто тој би ги искористил своите познанства засновани на некои економски интереси и противеврпските парии со кои грижливо ги негува односите“, наведува Сорос, а пренесува Хина.

rusija EU odnosi

Според него, Русија на Путин претставува реална закана за ЕУ, па унијата би морала единствено да настапи против неа, особено ако се зема предвид дека токму Русија и ЕУ во сегашните односи видат битка со времето кој прв ќе пропадне.

Тешко е да се разбере зошто лидерите на ЕУ и САД му веруваат на Путин и на неговите зборови наместо да судат по делата, зашто се покажало дека не може да му се верува, а „напарите на ИД и терористичкото делање на нејзините членови не можат, без оглед на суровоста, да се споредат со заканата кои доаѓаат од Русија“, анализира Сорос.

Таа опасност ќе биде тешко да се победи, но тоа е трка со времето и колку порано светот стане свесен за тоа, толку подобро за сите.

Путин е добар тактичар, но лош стратег, па со делувањето во Сирија дојде во конфликт со турскиот претседател Ердоган и така им наштети на односите Русија – Турција.

soros

Погрешно е да се мисли дека се решил на интервенција во Сирија за да го зголеми бегалскиот бран во Европа, но кога дојде до тоа, ја искористи шансата, зашто во бегалската криза „гледа начин да го забрза распадот на ЕУ“, тврди Сорос.

„Кога некоја држава или сојуз е во смртна опасност, тогаш за лидерите е подобро да се фатат во костец со тешката реалност отколку да ја игнорираат. Во борбата за својот опстанок ЕУ е присилена да настапи против Русија на Путин“, смета Сорос.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top