| четврток, 6 декември 2018 |

Програмата на СДСМ хит на Саемот на книгата

everything_men_know_about_women_02
Програмата за избори на СДСМ е вистински хит на саемот на книгата кој тукушто започна во Скопје. Откако пред неколку дена Зоран Заев најави дека СДСМ веќе ја испечатил во 500.000 примероци програмата за изборите, граѓаните во невидена навалица го нападнаа Саемот на книгата за да го набават ова ретко издание.
„Навистина бев шокиран кога слушнав дека ја испечатиле програмата. Мислев дека никогаш нема да дочекам во рацете да држам нивна програма. Среќен, пресреќен сум што можев да ја набавам, одамна не сум имал прилика да прочитам нешто ново од жанрот научна фантастика, напишано од домашни автори“, изјави Горан кој за оваа прилика допатувал дури од Прилеп и спиел 37 часа пред Скопскиот Саем за да биде меѓу првите кои ќе ја набават Програмата на СДСМ.
Дополнителен мотив за купување на Програмата на СДСМ е и гратис боенката „Проектите на СДСМ“ за најмладите во која тие со дрвени боички може да ги бојат октоподот на Бранко, ветувањата на Рада, фасадата на Глобал, тепихот на Чауш и другите позначајни проекти и дела на СДСМ.
И додека Саемот на книгата бележи рекордна посетеност благодарение на најголемата опозициона партија во Македонија, на Бихаќка веќе размислуваат за печатење на уште 500.000 нови примероци кои ќе се најдат во рацете на луѓето.
Сите кои сакаат да си ја набават Програмата на СДСМ треба да побрзаат, бидејќи се троши како алва. Цената и е симболична: Едно евро за саемот, едно кај Вицето.

Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top