Заменик-државниот секретар на САД, Ентони Блинкен цитира извештај, според кој борците на Исламска држава се сведени на минимум.
„Исламска држава поставија мини во мојот дом и го бомбардираа. При последниот напад едното дете ми загина, а другото беше рането “- раскажува жител на сирискиот град Ал Растан.
Луѓето признаваат дека се премногу исплашени за да се вратат во своите домови, особено кога продолжуваат борбите.
„Бројот на борците на терористичката група Исламска држава во моментов е најмал во последните две години”- изјави Блинкен.
Додава дека во Ирак 40% од територијата контролирана пред година од Даеш е ослободена, и 10% во Сирија. Сепак опасноста за Европа останува. Пред помалку од еден месец беше објавено дека џихадистите имаат „фабрика” за самоубијци, која е токму во Европа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.