Иако понекогаш ќе ве полудат претставниците на знакот Овен се личности кои знаат да сакаат бидејќи се топли и страствени личности.
Ова се работи кои треба да ги знаете доколку сте заљубени во претставник на овој знак.
Тие се страствени
Не само што се огнен знак, туку и навистина имаат оган во себе. Без оглед на тоа како ќе го сфатите тоа, тие се топли, страствени и импулсивни личности во сѐ што прават, а особено во љубовта. Кога тие ќе влезат во одредена просторија, едноставно оставаат силен впечаток меѓу себе. Имаат силна енергија и тие се оние личности кои секогаш ќе се обидат да внесат возбуда во врската.
Aвантуристи.
Тие сакаат да пробуваат нови нешта. Тие нема да ве тераат да направите нешто, туку со својот авантуристички дух ќе ве поттикнат да пробате многу нешта во животот со нив. Но, внимавајте – таквиот карактер ги тера да ги мразат сите оние досадни личности кои не сакаат да направат никаква промена во својот живот или пак да пробаат нови нешта.
Тие се со краток фитил
Или, да бидеме искрени – речиси и воопшто не се трпеливи. Доколку правите планови со нив, бидете сигурни дека секогаш ќе стигнете на време, бидејќи тие ќе стигнат десетина минути пред вас и нетрпеливо ќе ве чекаат. Исто така, во сите конфликти во кои можеби ќе се најдете, тие нема да имаат многу трпение за да водат долги и исцрпни дискусии со вас.
Потребен им е личен простор
Иако се родени лидери, сепак многу често тие сакаат да уживаат во осаменоста и да бидат настрана од толпата. Сѐ додека имате свој живот, пријатели и хоби и го живеете тој дел, тие ќе бидат горди на вас и на тоа што им оставате простор за себе. Но, доколку им се доближите премногу, барајќи го целото нивно внимание за себе, тие ќе се однесуваат како животно во кафез.
Не сакаат брзо, туку длабоко.
За претставниците на овој знак, љубовта е процес. Тие се заљубуваат бавно и можеби ќе ви изгледаат како незаинтересирани на почеток, но тоа значи дека за нив тоа се случува бавно и длабоко. Бидете сигурни дека доколку не им се допаѓате, тие нема да трошат премногу време на вас, тие едноставно не се такви луѓе.
Ја мразат рутината.
Како што споменавме, тие се авантуристи кои сакаат промени. Доколку почувствуваат рутина и досада, стануваат агресивни и ќе направат обид да ги променат нештата. Но, доколку тоа не им успее, тие можат да заминат без да погледнат назад.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.