Апел за помош од родителите на младата девојка Пандева Мануела на која од завчера (11 април) утрото и се губи секаква трага. Девојката е родена 1999 година и живее во струмичко Пиперево. Откако вчера утрото во 7.30 излегла од својот дом за училиште (девојката е трета година во „Димитар Влахов“) се упатила во непознат правец.
Нејзините пријателки не ја виделе тоа утро, а Мануела не била ни во училиште. Исчезнувањето во полиција веднаш го пријавил нејзиниот татко, кој не информираше и дека сигналот на телефонот и се губи во 5 часот откако цел ден не одговарала на повиците. Мануела од дома била облечена во тексас палто, фармерки и патики.
Се молат сите кои имаат било каква информација да пријават на следниот број 070 348 580.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.