| четврток, 6 декември 2018 |

Милан Станковиќ: родителите на Пинк ѕвездичките се искомплексирани и суетни

Пејачот Милан Станковиќ открива дека  родителите  на натпrеварувачите во музичкото шоу „Пинк ѕвездички“ се суетни и дека се обидуваат да ги остварат нивните неостварени желби преку своите деца.

milan-stankovic-foto-damir-dervisagic-1413585962-582421

Пејачот објаснил дека за време на снимањето имал можност да види како родителите се полни со комплекси, а на новинарското прашање дали постои суета помеѓу родителите на децата кои се натпреваруваат Станковиќ одговорил без влакна на јазикот.

darija-vracevic-i-milan-stankovic-foto-printskrin-1455314972-843729

-Немам многу  контакти со родителите, но генерално тоа не е случај само во „Пинк ѕвездичките“ колку што знам истото се случува и во училиштата. Класична ситуација кога родителите преку своите деца сакаат да ги остварат некои нивни сништа или некоја визија на својата големина. Во нашето шоу има неколку такви родители, но гледам дека нивните деца не се оптеретени со тоа, појаснил  Станковиќ и додал: „Но да бидеме реални тоа не е случај само на нашите простори. Тоа е доста зачестена категорија. Се почесто се среќаваме со родители кои се повеќе амбициозни од нивните деца – кажал пејачот.

Пејачот на почетокот на својата кариера често во медиумите истакнуваше дека мајка му и сестра му се негова најголема поддршка и дека без нив немаше да успее. Како што зборуваше во неколку наврати, неговата мајка сакала тој да стане лекар, додека тој пак го одрбал патото на музиката.

milanstan2

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top