| четврток, 6 декември 2018 |

Сѐ повеќе татковци на породилно

Мажите одлично се снаоѓаат во чувањето и грижата на своите новородени дечиња и ги рушат стереотипите за „машките“ и „женските“ работи во прилог на практичноста, рамноправноста и разбирањето, пишува „Нова Македонија“.

Татко на породилно отсуство е прекрасно искуство и вистинско уживање, вели Тане Димовски, кој до пред неколку месеци го користеше ова право наместо сопругата Даниела. Мажите одлично се снаоѓаат во чувањето и грижата на своите новородени дечиња и сѐ повеќе од нив го користат правото на породилно отсуство наместо мајките, со што ги рушат стереотипите за „машките“ и „женските“ работи во прилог на практичноста, рамноправноста и разбирањето. Лани 29 татковци девет месеци ги чувале своите новороденчиња зашто мајките морале да се вратат на работа. Една година претходно тоа го сториле 14 татковци. Брачните двојки имаат различни причини поради кои таткото го користи правото на породилно. Во семејството Димовски се одлучиле за тоа зашто Даниела била слушател на Академијата за судии и јавни обвинители, обука што непрестано треба да трае две и пол години. ­

-Секој ден ми беше убав и исполнет. Многу позитивно искуство. Кога ја соопштив одлуката пред пријателите и колегите не поминав лесно, имаше шеги и задевања, но тоа беше очекувано. Не само кај нас, во многу земји во светот мажите се плашат да го искористат ова право поради тоа како ќе ги доживеат околината и општеството. Многу општества не се подготвени за вакви чекори ­ вели Тане.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top