| четврток, 6 декември 2018 |

Сѐ поголем број граѓани се собираат пред штабот на СДСМ (ФОТО)

Се повеќе граѓани се собираат пред седиштето на СДСМ. Масовноста расте од момент во момент бидејќи на протестот кој почна спонтано му се придружуваат граѓани кои доаѓаат и од други градов од Македонија. Во текот на ноќта се очекува бројката да достигне до неколку илјади лица кои протестираат против одлуката на претседателот Иванов да се помилува, како што велат, криминалец како Зоран Заев, за кој ова би била втора аболиција за само неколку години.

protesti pred sdsm (3)

Незадоволни граѓани револтирани од одлуката на Ѓорге Иванов да ги помилува криминалите на Зоран Заев и Зоран Верушевски масовно во се поголем број се собираат на протест пред седиштето на СДСМ.

Спонтаниот собир е испровоциран од одлуката на Иванов, а демонстрантите сметаат дека е неприфатливо по втор пат двајцата да бегаат од лицето на правдата и да го избегнуваат законот.

protesti pred sdsm (1)

Зоран Заев беше обвинет за шпионажа и уценување и заканување против високи државни фукнционери, додека Верушевски за велепредавство и незаконско прислушување.

Денес Претседателот Иванов донесе општ акт за аболирање на сите обвинети политичари од СЈО со цел да се смири тензијата помеѓу партиите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top