Перо Антиќ и Фенербахче водат со 1-0 во четвртфиналната серија против Реал Мадрид (75-69), откако турскиот гигант продолжи со одличните игри во Евролигата и во пресметката со актуелниот бранител на трофејот. Во драматичен дуел во кој домаќините во речиси целиот натпревар го контролираа резултатот, Реал сепак се избори за интересна завршница. Без оглед на тоа, Антиќ и соиграчите останаа со ладни глави кога беше најзначајно, стигнувајќи до посакуваниот триумф и водство од 1-0 во серијата што се игра до три добиени натпревари.
По израмнетиот прв период (15-11), Фенербахче заигра уште подобро во вториот дел, па на одмор се замина со убедлива предност на „сино-жолтите“ од 41-29. Реал успеа да се врати со одлично издание во третата четвртина, но Фенербахче одговори на предизвикот и бодрен од фанатичните навивачи турскиот гигант сепак на крајот успеа да стигне до победата.
Антиќ го заврши мечот со само шест поени, но мора да се истакне дека двете тројки ги даде кога на тимот воопшто не му одеше, постигнувајќи шест од вкупно 12-те поени на Фенер во третата четвртина. Богдановиќ и Слукас со по 17 поени беа најефикасни кај Фенербахче, додека главен играч на Реал при овој пораз беше ветеранот Фелипе Рејес со 13 поени и 6 скока.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Продолжува мизеријата на Реал: „Кралевите“ елиминирани од Купот на Шпанија на сред „Бернабе“(видео)
-
Искри на теренот на Фенербахче: Јаховиќ гради в гради со Шкртел, Демирел го фати Македонецот за врат (видео)
-
Нов кикс на Реал Мадрид, Селта му извлече бод на фаворитот (видео)