| четврток, 6 декември 2018 |

Три члена на семејството замешани во убиството на Јелена?! Се стега обрачот околу убиецот!

Врз основа на досегашната истрага полицијата речиси е сигурна дека најмалку три члена на семејството на Јелена Крсмановиќ Марјановиќ се замешани во нејзиното убиство, додека за еден и понатаму се вештачат движењето и контактите во сабота, 2 април, кога беше убиена пејачката, пишуваат српските медиуми.

Истрагата вели дека полицијата од самиот почеток имала индиции дека некој од опкружувањето на Јелена на некој начин е замешан во убиството.
– Тој што го направил ова се испланирал и одлично го познавал нејзиното движење тој ден. Мотивот сеуште го истражуваме, но дефинитивно станува збор за огромна страст, омраза, бес, невозвратени чувства…, вели соговорникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top