Вонпарламентарната партија Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), којашто на локално ниво коалицира со владејачката ВМРО-ДПМНЕ не се согласува со одлуката на шефот на државата Ѓорге Иванов да го искористи своето право да ги запре процесите против сите политичари и од власта и од опозицијата во неговите настојувања, како што рече претседателот, да се надмине кризата во земјата.

„Ако оваа одлука е донесена без консултации со политичките партии и со меѓународната заедница, истата ќе нанесе огромна штета врз правниот поредок во Република Македонија, како и врз функционирањето на правната држава. Уште повеќе, со ова сериозно ќе се разниша довербата на граѓаните на Македонија во институциите на системот и во политичките партии во целина“, предупредуваат од партијата што ја предводи Стевчо Јакимовски, градоначалник на скопската општина Карпош.
Во реакцијата се наведува дека во ГРОМ не можат да застанат зад ваква одлука на претседателот на Република Македонија, затоа што сметаате дека секој оној што се огрешил пред законот, треба да понесе соодветни последици, без оглед дали е припадник на власта или на опозицијата.
„Впрочем, Пржинскиот договор беше постигнат за граѓаните да видат правна разрешница за аферите Пуч и останатите материјали од прислушкуваните разговори. На овој начин, правната разрешница е суспендирана“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


