| четврток, 6 декември 2018 |

Проверете кој е ваш тип на маж според хороскопот

Како да го изберете правиот маж отсекогаш било прашање. Можеби на вас ѕвездите ќе ви помогнат околу тоа. Нека ви помогнат ѕвездите во одбирањето на правиот господин.

1. Ништо не е повеќе секси од маж:

  1. Кој е атлет во кревет и вон него
  2. Кој има голема банкарска картица и носи добро скроени одела
  3. Кој страствено расправува за глобалната политика и амбивиозни идеи
  4. Кој пее серенада која ја напишал за вас.

2. Совршена предигра е :

  1. Чаша фино вино, свеќи и пенлива купка која ја приредил за вас. Ах да, и масажа на стапалата
  2. Слушање класична музика додека со саати се љубите и нежно се мазите
  3. Гласна но стимулативна расправа која ги распламтува вашите страствени интелектуални апетити
  4. Малку борење на постелнината е сосема доволно да се распламти страста

3. Ваш идеален прв состанок е :

  1. Планинарење или сурфање. Сакате да ја опипате неговата храброст и граница
  2. Романтична прошетка во паркот или излет во природа на кој можете долго да разговарате и да се запознаете подобро
  3. Одење во театар или отварање на изложба на слики на која можете по тоа да одите на некој коктел
  4. Вечера во ресторан надвор од градот на кој послужуваат јадења само од еколошки намирници на тоа поднебје

4. На забава избива тепачка меѓу двајца мажи. Како очекувате да постапи вашиот дечко?

  1. Да се уфрли во центарот на тепачката и да проба да ги смири тие што се тепаат
  2. Да пронајде кутија со прва помош да види дали на некој му треба фластер кога се ќе се заврши
  3. Застане пред вас како би ве заштитил
  4. Дипломатски пробува да ги увери раскараните страни како би престанале што е можно побрзо

5. Денот на заљубените од вашите сништа мора да вклучуваат :

  1. Шампањ и накит
  2. Куче кое го посакувате со години
  3. Топла, страствена ноќ во која ќе ги остварите сите сексуални фантазии
  4. Доручек во кревет, фото-албум со сите ваши заеднички фотографии и плејлиста снимена баш по ваш вкус

Поени: 1. А-4, В-1, С-3, D-2. 2.  А-1, В-2, С-3, D-4  3. А-4, В-2, С-3, D-1 4. А-4, В-1, С-2, D-3  5. А-1, В-2, С-4, D-3

Земјени знакови од 5 до 7 поени (Бик, Девица, Јарец)

За : Постоен и вистински страствен

Против: Избирлив и потребен

Мажите коио спаѓаат во земјените знакови имаат меѓавина на груб и софистициран вкус, но и сирова страственост која ќе ве собори од нога. Овие се фраери кои лесно постигнуваат успех во кариерата и сакаат лабав живот, но сепак со другата нога цвртсо стојат на земјата. Често разговарајте со нив и не допуштајте да неговите потреби ги засенат вашите. И само да знаете, тие се експерти за испробување на сексуални пози па немојте да бидете срамежливи во кревет.

Водени знакови од 8 до 11 поени (Рак, Шкорпија, Риби)

За: Заведливи и грижливи

Против:Тешко да го прочитате и срамежлив е

Ако барате чувствителност и романтика, тие ќе ви ја дадат. Овиое момци како да имаат шесто сетило и секогаш знаат жто сакаат жените па се трудат и тоа да ви го пружат. Секогаш се сочувствуваат, но често не знаат добро да ги изразат своите прави емоции па во почетокот на врската треба во тоа да му помогнете. Тие сакаат семејно окружување затоа планирајте излегување во локално кафичи и пицерии или едноставно уживајте во мирна вечера дома

Воздушни знакови од 12 до 15 поени (Близнаци, Вага, Водолија)

За: Духовит и мудар

Против: Збунет и темпераментен

Вие уживате во разговарање. Овие мажи се фантастични во разговорите кои цела ноќ ќе ве држат будни. Среќа, одлични се и во валканите разговори. Уживаат во културни доживувања, пијачка по работа со пријателите на кои разменуваат ставови и мислења. Посебно се слаби на жените кои ги подржуваат. На нив главен адут им е комуникацијата, затоа секогаш со себе имајте мобилен и уживајте во СМС – сите и заводничките меилови.

Огнени знакови од 16 до 20 поени (Овен, Лав, Стрелец)

За: Привлечен и забавен

Против: Непредвидлив и немирен

Ве возбудува неговиот магнетен авантуристички дух, но внимавајте, овие момци сакаат да втрчаат во врска. Затоа врзете го сигурносниот појас и тргнете на диво возење. Планирајте активни состаноци на кои ќе ја потрошите неговата неисцрпна енергија. Совет: мажите родени во огнени знакови сакаат возбудување на парите па немојте да се срамите да покажете дека прилично барате и дека ни малку не сте лесен плен.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top