Скопјанец од селото Студеничани утрово загинал кога врз него паднал оџак при уривање на бараките што се наоѓаат на раскрсницата меѓу „Јужен булевар“ и „Јордан Мијалков“ во центарот на Скопје, објави „Макфакс“.
Од СВР Скопје единствено потврдуваат дека утрово во 10.50 часот починал педесет и тригодишниот Муарем Б. во паркчето што се наоѓа на раскрсницата. Оттаму информираат дека увидот сѐ уште трае и дека не можат да излезат со други детали за случајот.
Телевизија Канал 5 јавува дека човекот починал при уривање на дрвените бараки, а при уривањето немало заштитна ограда. Според изјавата на очевидец за телeвизијата, човекот чекал градежна работа на Јужниот булевар, а во моментот кога загинал минувал по патеката во паркот.
Случајот го испитуваат и од градежниот инспекторат
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.