| четврток, 6 декември 2018 |

Во Берлин уапсени членови на криминална банда со арапско потекло

Над 200 полицајци, меѓу кои и 60 членови на специјалните сили, учествувале во претрес на 16 домови во берлинската населба Нојкелн и некоку други квартови, по што се уапсени осум лица, јави дописникот на МИА од Берлин.

Според полицијата и јавното обвинителство, акцијата била насочена против арапско пошироко семесјтво, при што се уапсени мажи на возраст од 20 до 56 години.

Покрај за незаконско поседувањена оружје, уапсените се товарат и дека учествувала во грабеж во Ка-Де-Ве, најстарата стоковна куќа во Берлин, како и за поттикинување за извршување на нарачано убиство.

Приведените се со арапско потекло, но не се дел од новопристигнатите бегалци, туку во Германија живеат подолго време.

Засега нема индиции дека осомничените учествувале во радикални исламистички групи, а тие се уапсени врз основа на сведочења и прислушвање одобрено од судот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top