| четврток, 6 декември 2018 |

За оние кои слават: Нема секси облека и алкохол за време на тајландската Нова година!

Со декрет потпишан лично од шефот на воената хунта, генералот Прајут Кан-ока, за време на седумндневната прослава на Сонгкран, тајландската Нова година, полицијата ќе ги приведува славениците, кои носат провокативна, секси, облека или пијат повеќе алкохол.

tajland-1-768x324

Прославата на Сонгкран, трае седум дена, од утре до 20 април, а покрај убавите фестивалски настани Тајланд овие манифестации ги памети и со преголем број жртви на сообраќајни несреќи, со над 1.000 загинати секоја од последните 10 години..

Од денеска од Бангкок и другите градови илјадници возила се упатуваат кон познатите туристички центри и населбите од кои дошле жителите на градовите. Полицијата со зајакнати патроли и илјадници камери се обидува да го регулира сообраќајот.

Жените и девојките кои според проценките на полицијата и голем број волонтери нема да бидат „соодветно облечени“, ќе бидат отстранети од 40 зони прогласени за масовни шеталишта.

Строго ќе биде контроилано и однесувањето при масовното капење и прскање со вода, едно од обележјата на манифестациите со кои жителите на Тајланд ја испраќаат старата година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top