За време на денешната проба за претставата „Крал Лир“ во МНТ, на 52 години почина истакнатиот словенечки и европски режисер Томаш Пандур, објави „Телма“.
Според „Телма“, неофицијално, смртта настапила како резултат на масивен срцев удар. На ова му претходеле болки во градите на кои се жалел Пандур деновиве Од МНТ најавуваат официјално соопштениe.
Пандур беше исклучително плоден режисер, чиешто творештво се темелеше на драмската класика на која и пристапуваше со иклучително уникатен визуелен израз. Негови најпознати претстави се: „Шехерезада“, „Тесла електрик компани“, „Хазардски речник“, „Хамлет“, „Медеја“ и многу други.
Последниве години Пандур живееше и работеше во Мадрид, каде што ја основа и приватнaта театарска компанија „Пандур театарс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст