Земјата в четврток ќе ја погоди соларна бура. Тоа е феномен што може да ја онеспособи комуникацијата, но и вкупниот живот на планетата.
Овој феномен може да предизвика прекин на работа на комуникациските сателите, дефекти на ГПС-уредите, како и проблеми за време на летањето на авионите. Соларната бура би можела да го наруши работењето на компјутерите, односно губење на меморијата. Научниците веќе неколку дена забрзано се подготвуваат за оваа катастрофа.
За оваа опасност се изјасниле и НАСА и американското министерство за безбедност, а мислењата им се слични. Последиците би можеле да траат со месеци или дури и години затоа што на власите би им требало многу време за да ја обноват инфраструктурата на која се потпира современиот свет.
Осигурителната куќа „Лојдс“ проценила дека штетата би можела да изнесува меѓу 600 милијарди и 2,6 милијарди американски долари.
Првата мерка што ја презела американската влада по повод овие предупредувања е подобро предвидување на вселенските временски околности.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.