| четврток, 6 декември 2018 |

Забележителни меѓународни настапи на Турскиот театар

Со претставата „Сите мои синови“ од Артур Милер, во режија на Александра Кардалевска, НУ Турски Театар   учествуваше на два реномирани меѓународни театарски фестивали во Турција. На 15 и 16 април 2013 г. претставата беше одиграна на 15. Интернационален Сабанџи Театарски Фестивал во Адана. Фестивалот се одржува во организација на Државните театри и под покровителство на Фондацијата Сабанџи, на кој оваа година настапуваат 23 театарски ансабли, 16 од земјата домаќин и 7 меѓународни. Оваа година покрај Италија, Индија, Чешка, Грузија, Холандија, Велика Британија, Турскиот Театар од Скопје имаше свој забележителен настап пред турската публика.

Исто така, на 19 април ансамблот на Турскиот театар настапи на 6. Меѓународен Театарски Фестивал „Илјада здивови еден глас“ во Конја. -И оваа година по шести пат по покана на директорот и селектор на Фестивалот, Бенѓу Ѓурбузер Догру учествувавме на овој Фестивал кој е во организација на Државниот Театар од Конја. На фестивалот учествуваат меѓународни театри кои творат на турски јазик. Покрај Турција, на фестивалот учествуваат Казахстан, Бугарија, Северна Турска Република Кипар, Косово, Азербејџан, Дагестан, Ирак и Македонија, велат оттаму.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top