
Шеесетгодишниот Ѓорѓи Китаноски загинал вчера во сообраќајна несреќа која се случила на излезот од Кичево, извести кичевската полиција.
Според наодите на сообраќајните истражители, во Китаноски, кој возел велосипед, удрило возило „пежо 206“, управувано од Добре Никоски. Од силниот удар и од внатрешните повреди, на местото на несреќата за брзо време починал Китаноски. Засега не е позната причината поради која возилото удрило во покојниот кичевчанец.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


