Слика на Амедео Модилјани, вредна 25 милиони долари, која нацистите ја одзеле од еврејски сопственици за време на Втората светска војна, запленета е во Женева, благодарение на објавувањето на „Панамските документи“, објави швајцарскиот печат.
Како што се наведува, откриени се и спорните, сегашни сопственици на сликата.
Весниците „Бунда“ и „Темпса“ наведуваат дека швајцарското државно обвинителство на 8 април издало налог за претрес на добро зачувано депо во женевската бесцаринска зона, каде што, меѓу многубројните уметнички дела, е пронајдено и платно „Маж што седи со стап“, на италијанскиот сликар од еврејско потекло.
Сликата последен пат е изложена во 2005 година во њујоршката галерија на семејството Нахмад. Давид Нахмад, по потекло Либанец, е еден од највлијателните трговци со уметнички предмети во светот, пренесе „Танјуг“.
Пред доаѓањето на нацистите на власт, сликата припаѓала на еврејскиот трговец со уметнички предмети Оскар Штетинер. Бегајќи пред нацистите во 1939 година, ја оставил во Париз, а една година подоцна нацистите ја понудиле на продажба.
„Зидојче цајтунг“ наведува дека Штетинер во 1946 година по судски пат барал платното да му се врати, но две години подоцна починал, така што случајот е заклучен.
Во 2011, една канадска компанија во име на неговиот внук безуспешно се обидела да дојде до сликата преку американски суд. Тогаш е утврдено дека официјален сопственик на платното е офшор-компанијата „Интернешнел арт центар“, која ја користеле членовите на семејството Нахмад, а „Панамските документи“ го потврдија тоа
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст