Десет деца и три возрасни лица се повредени во сообраќајната несреќа која денес околу 12 часот и 40 минути се случи на локалниот пат за гостиварското село Падалиште.
Од СВР Тетово информираат до несреќата дошло откако патничкото комби „форд турнео“ излетало од коловозот.
-Од излетувањето на возилото, кое потоа се превртело на покрив, вкупно 13 лица се здобиле со различни видови телесни повреди. Едно 10-годишно девојче веднаш е префрлено на скопските клиники, додека другите 12 лица, од кои 9 деца на возраст до 10 години, возачот 47-годишниот К.М. и две женски лица на возраст од 42 и 72 години, моментно се во гостиварската болница каде им се вршат потребните лекарски прегледи, по што ќе бидат задржани или пуштени на домашно лекување – соопштуваат од СВР Тетово.
Полицијата наскоро ќе започне увид на местото на несреќата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.