Група која себе си се нарекува Сириска Електронска Армија ја презеде одговорноста за хакерскиот напад на твитер профилот на агенцијата Асошиејтед прес. Истата група претходните недели тврдеше дека стои зад хакерските напади на твитер профилите и на други светски медиуми како Ројтерс, Би Би Си и Ал Џезеира.
ФБИ соопшти дека спроведува истрага за пронаоѓање на одговорните за нападот, но не кажа повеќе детали.
Хакерите вчера презедоа контрола врз профилот на агенцијата и објавија лажна вест за бомбашки напад на Белата куќа во кој наводно бил повреден Барак Обама. Веста го обиколи светот за миг, а предизвика и пад на индексот на њујоршката берза, но за кратко време се нормализирала работата.
Асошиејтед прес набрзо соопшти дека веста е лажна, но во исто време мораше привремено да го блокира профилот додека не ја врати контролата над него. Демант за лажната вест стигна и од Белата куќа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


