На патниот правец Кавадарци - Мушов Гроб, вчера околу 7 часот, во патничко моторно возило „форд галакси“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Р.И. (22) од скопското село Батинци, полициски службеници откриле 20 илегални мигранти од Авганистан.
МВР денеска соопшти дека возачот на возилото не бил пронајден. Кога ги забележал полициските службеници, возачот го запрел возилото и побегнал. Илегалните мигранти, се посочува во соопштението, биле донесени во полициската станица за граничен надзор Михајлово и со нив бил извршен разговор.
Дел од мигрантите со потврда за предавања на лица се предадени во Прифатен центар за странски државјани Скопје, а останатите во Прифатен центар за баратели на азил Визбегово, Скопје. Се преземаат мерки за пронаоѓање на возачот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)
-
Војници на АРМ стрелале во воздух на границата со Грција за да спречат нелегално минување на мигранти