Како дел од активностите предвидени со Проектот за интегрална заштита на културното и природното богатство на охридскиот регион поддржан од УНЕСКО, објавено е првото издание од весникот за заштита на регионот на Охридско Езеро.
Станува збор за тријазично издание, во кое се поместени фактографски податоци за регионот, преглед на сите настани и идни активности во контекст на промоцијата и на засилувањето на капацитетите на институциите во охридскиот регион, од обете страни на езерото, односно и од македонска и од албанска страна.
УНЕСКО стои зад заштита на наследството на охридскиот регион од секој аспект, преку зајакнување на институционалните капацитети, но и развивање мерки за негова одржливот и промоција, како и интегралност преку подготовка за ставање на албанската страна на регионот под заштта на УНЕСКО.
Наредното издание на весникот за заштита на регионот на Охридско Езеро ќе биде посветено на туризмот во Струга и Дебарца, како и на активностите во рамки на кампањата за одговорно управување со отпадот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.