| четврток, 6 декември 2018 |

Кои се најдолги летови во светот?

Просечната одалеченост помеѓу Оукленд на Нов Зеланд и Дубаи во Обединетите Арапски Емирати е 14.178 километри. Овој лет успешно го изврши „Боинг 777-200ЛР“ на компанијата „Флај Емиратс“ за 17 часа и 20 минути. Тоа е првиот најдолг лет на светот.

Втор најдолг лет е оној од Далас, односно од Форт Ворт во САД кон Сиднеј, Австралија и трае 16 часа и 50 минути, а авионот минал 13.790 километри.

Потоа следат летовите: Од Атланта (САД) кон Јоханезбург (Ј. Африка) 15 часа и 21 минута (13.572 километри), Абу Даби (ОАЕ) кон Лос Анџелес (САД) за 16 часа и 45 минути (13.494 километри), Дубаи – Лос Анџелес 16 часа (13.412 километри)…

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top