| четврток, 6 декември 2018 |

Дали знаете од што се прават гумените бомбони?

Ако го прочитате составот на пакувањето на гумените бомбони, главно ќе прочитате дека тие се направени од сируп од ориз или од пченка и шеќер. Но, основа на гумените бомбони е желатинот.

Желатин е жолтеникава, бесмирисна и бесвкусна супстанца која се добива со долготрајно варење на кожа и коски од животни, најчесто од говеда и свињи. Најчесто се прави од остатокот од месната индустрија – кожа, рогови и ситни коски.

Желатинот најчесто се користи во прехрамбената индустрија и може да се најде во ладните млечни производи, десерти, желеа и месни производи.

Желатинот се добива со хидролиза од колаген, протеин кој дава сила и потпора на ткивата и органите и е главно везно ткиво кај сите животни.

Сепак, фармацевтскиот желатин кој се користи во медицината е всушност говедски желатин и содржи 18 аминокиселини и има исклучително нутритивна вредност. Супите од коски се идеална препорака за лицата со чувствителни црева, бидејќи се богати со колеген, ја обновуваат цревната слузокожа и го засилуваат имунитетот.

Желатинот се препорачува во третирање на болни зглобови, тетиви и коси, а посебно е добар и за кожата, косите и ноктите и во борба против целулитот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top