Поранешниот личен асистент на Осама бин Ладен, Вадих ел Хаг, во повторена постапка во судот во Њујорк е осуден на доживотна казна затвор за учество во подготовка на нападите на американските амбасади во 1998 година. Ова е втора пресуда против него во САД.
Ел Хаг, кој е поранешен член на Ал Каеда заедно со уште еден е осуден во 2001 година за учество во бомбашките напади на амбасадите на САД во Кенија и Танзанија во кои загинаа 224 луѓе, а неколку илјади беа повредени.
52 годишниот американски државјанин со либанско потекло тогаш бил осуден за заговор со цел убиство на американски државјани. Откако предметот е вратен на повторено судење во 2008 година, сега е донесена повторно пресуда. Неговите адвокати барале тој да биде крунски сведок, но судијата предупредил дека обвинетиот не изразил жалење за стореното и дека може да го повтори злосторството ако биде пуштен на слобода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


