Откако јавно призна дека е лезбејка, поп-пејачката Марија Шерифовиќ симна голем товар од градите. Но и понатаму остана мистериозна кога станува збор за нејзиниот љубовен живот. Веќе извесен период, популарната пејачка изјавува дека е силно вљубена, но не го откри идентитетот на својата избраничка. Сè до вчера, кога на нејзиниот инстаграм-профил осамна интересна фотографија со уште поинтересен коментар на пејачката:
„Можам да го освојам светот со една рака сè додека ти ми ја држиш другата“, напиша Марија под објавената фотографија, на која држи за рака прекрасна девојка, свртена со грб кон камерата, но судејќи по коментарите што се нижат под интригантната фотографија, станува збор токму за жената во која е силно вљубена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ова е една од најголемите тајни на Марија Шерифовиќ: Три пати била…
-
„Син ми беше клинички мртов“: Поради ова познатата пејачка ќе и биде благодарна на Шерифовиќ!
-
Не знаеше дека камерите се вклучени: Амиџиќ го коментираше сексуалниот живот на Шерифовиќ
-
Не е болест се што боли: Марија Шерифовиќ ја откри својата тајна опсесија!