| четврток, 6 декември 2018 |

ИД подготвува напади во Германија

islamska-drzava-640x294Џихадистичката група Исламска држава сака да изврши напади во Германија и безбедносната ситуација во земјата е „многу сериозна“, предупреди шефот на германската разузнавачка агенција Ханс Георг Масен.

Тој во интервју за германскиот весник „Велт“ истакна дека моментно не се познати информации за било какви конкретни планови за терористички напад во Германија.

Масен изјави дека пропагандата на ИД е насочена кон охрабрување на приврзаниците да преземат иницијатива за организирање напади во Германија.

Првиот разузнавач нагласи дека се познати неколку случаи во кои се поврзуваат Германци, кои се вратиле од Сирија, со планови за напад и предупреди дека опасноста, која ја претставуваат џихадистите од Германија, е „заразна“.

Запрашан колку исламисти во Германија се сметаат за „многу опасни“, Масен одговорил дека околу 1.100 претставуваат потенцијална опасност од тероризам.

– Посебно сум загрижен поради многубројните малолетници без придружба, бидејќи ова е целна група, додава Масен, истакнувајќи дека постои „голем потенцијал за радикализација“.

ИД неодамна објави снимка во која наведува дека по терористичките напади во Париз и Брисел, би можела да изврши напади и во други западни земји, а како потенцијални мети ги наведе Лондон, Берлин и Рим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top