Храната која ја јадеме во утринските часови ни дава енергија потребна за извршување на обрските во текот на денот и да го активира метаболизмот. Значи, особено ако сте на некоја диета и имате проблем со вишок килограми – никогаш не го прескокнувајте појадокот!
Една неодамнешна студија објавена во Annals of Nutrition & Metabolism, покажа дека овесот е најдобриот можен појадок. Оваа студија беше направена врз 36 мажи и жени, поделени во три групи.
Сите три групи консумирале оброк кој бил ограничен на 350 калории.
-Првата група јаделе овес за појадок;
-Втората група јаделе корнфлекс;
-Третата група пиеле само вода за појадок.
За сето време на сите учесници им се мерел инсулинот и шеќерот во крвта. Сите учесници јаделе ист ручек.
Истражувачите откриле дека кај првата група имало најмала желба за јадење преку целиот ден и јаделе 31% помалку калории за ручек.
Значи, овесот за појадок се покажал како најефикасен кај луѓето кои имаат прекумерна тежина, бидејќи тие консумирале 50% помалку калории за ручек.
Другите две групи биле гладни после само три часа по појадокот. Овесот подолго време се задржува во дигестивниот тракт, додека пченкарните снегулки брзо го подигаат нивото нагликоза во крвта и автоматски предизвикуваат ненадејно опаѓање за многу кратко време потоа.
Бројни други истражувања покажаа дека овесот е најдобриот појадок, бидејќи го поттикнувагубењето на тежината и го намалува внесот на калории од 31-50%. Што е уште поважно, ефектите од овесот се долгорочни.
Ова се некои од најважните придобивки од конзумирање на овесот:
Обезбедува чувство на ситост
Овесот е најдобрата храна за секој режим кој вклучува губење на тежината; ја намалува желбата за храна, обезбедува чувство на ситост. Покрај тоа, исто така, го подобрува варењето на храната
Го намалува крвниот притисок
Овесните снегулки се многу ефикасни за контролирање на крвниот притисок, бидејќи зрната содржат растителни протеини, лигнани, кои, ако се консумираат редовно, може да го намалат крвниот притисок за 30%.
Го намалува холестеролот
Овесот е богат со здрави растителни влакна кои го намалуваат LDL или лошиот холестерол. Покрај тоа, го намалува ризикот од срцев удар и мозочен удар, го подобрува здравјето на срцето и крвните садови.
Спречува рак
Британското списание за медицина објави студија според која овесот го намалува ризикот од простата, дојка, јајници и рак на дебело црево.
Затоа, ако редовно го консумирате овесот за појадок, можете лесно и брзо да ослабете! Сепак, имајте на ум дека со цел да се забрза процесот на губење на тежината и да добиете подобри резултати, треба редовно да правите кратки кардио вежби или барем 2-3 пати седмично.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст