Три добро организирани групи бегалци од дивиот камп во грчкото погранично место Идомени, денеска околу 10:30 часот, се обиделе илегално да ја поминат македонско-грчката граница на три различни места на потегот од граничниот камен 59 кон селото Моин, изјавија за МИА од регионалниот ЦУК во Гевгелија, а информацијата ја потврди и раководителот на ПТЦ Гевгелија, Зоран Лазаровски.
– Три групи мигранти кои подолго време престојуваат во дивиот камп во Идомени, составени од по 500 до 700 луѓе, истовремено се обидоа илегално да ја поминат границата оштетувајќи ја заштитната ограда на три места на потегот од граничниот камен 59 кон Моин. Со благовремена интервенција на нашите безбедносни сили кои употребија шок и гасни бомби, како и со интерванција на грчката полиција, групите беа спречени во своите намери и вратени назад во кампот во Идомени, рече Лазаровски.
Во моментот ситуацијата на границата што ја штитат засилени полициски и армски сили е стабилна и мирна, а бегалците се повлечени во кампот во Идомени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст