| четврток, 6 декември 2018 |

Машките немаат предност во наследување на титулата

Ако принцот Вилијам и Кејт имаат прво ќерка, таа ќе стане кралица и ниту еден нејзин помлад брат нема да може да го прескокне редот и наместо нема да дојде на тронот. Ова откако Горниот дом на британскиот парламент усвои закон со кој ќе биде завршена вековната пракса во Британија според која момчињата имаат предност пред девојчињата во наследување на тронот. Сега останува уште овој закон да го одобри кралицата Елизабета Втора.

kejt-vilijam

Тој закон, му дозволува  на наследникот на тронот да се венча со припадник на католичката вера иако и понатаму на католиците ќе им биде забрането да го наследат тронот.

Владата од Лондон сака да го смени моменталниот закон, кој датира од 1701 година, пред раѓањето на првото дете на брачниот пар во јули.

Детето на војвотката од Кембриџ и принцот Вилијам ќе биде трето во редот за тронот, по Вилијам и неговиот татко принцот Чарлс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top