| четврток, 6 декември 2018 |

Зоран скршен од болка: Јеца беше најсреќна кога…

jelena

Пред точно недела дена од бруталното убиство на пејачката Јелена Марјановиќ која во четвртокот беше погребана на гробиштата во Борча. Таа зад себе ја остави петгодишната ќерка Јана, која откако дознала за овој монструозен чин, повеќе не е во куќата во која живеела со родителите. Малата Јана престојува кај мајката на Јелена, а сопругот окрил за Телеграф.рс зошто е тоа така.

– Јана моментално се наоѓа кај мајката на Јелена. Ја тргнавме малку одовде бидејќи тука се ја врзува за нејзината мајка. Тие две никогаш не се раздвојуваа. Беа едно, раскажал за Телграф.рс Зоран Марјановиќ.

Според неговите зборови, Јелена била најсреќна кога се грижела за Јана.

– Кога ја бањаше, кога ја хранеше… уживаше во тоа, и на Јеца можеше тогаш да се види тоа вистинското, тоа мајчинското што денеска е тешко да се најде. Јелена го правеше семјеството среќно и таа пеше среќна, вели Марјановиќ.

Погледнете го видеото во продолжение…

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top