| четврток, 6 декември 2018 |

Сѐ или нешто: Се падна милионот!

Популарниот награден квиз „Се или нешто“ се емитува долги години на фреквенцијата на телевизија Сител, но ниеден натпреварувач досега не успеа да му го земе милионот на банкарот.

Сите доаѓаат со некаква шема и свои правила како да се освои највисоката сума ама досега не се појавил среќникот да го испразне сефот. Се досега, кога Лила и Банкарот се одлучија за највисок степен на непотизам!

10394857_10202571425473054_945502921410703252_n

Натпреварувачите стандардно имаат своја поддршка, а пак Лила можеби не толку често, но за своја поддршка при работата го има својот син Филип.

Па така, при една таква негова посета во студиото кај мама Лила, Филип во друштво на пријател му го провали милионот на банкарот. Фотографијата ја сподели на социјалните межи, а бидејќи правилата не дозволуваат учество на најблиските, Филип смислил поинаква тактика да ја чепне најслабата точка на банкарот.

лила

 

Непотизам или не, очигледно синот на Лила знае како најлесно се доаѓа до милионот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top