Македонската ракометна репрезентација го игра вториот натпревар од квалификацискиот турнир за Летните Олимписки игри во Рио.
Нашите ракометари по првото полувреме имаат негатива од седум гола (17-10) против Тунис, кого мора да го победиме за да имаме шанси за пласман на Олимпијадата.
По првите 30 минути македонските ракометари, како и на вчерашниот натпревар, играат тешко, без конкретна идеја во нападот, со многу слаба реализација и што е најлошо потфрли и нашата одбрана.
Лошо го започнавме натпреварот, во првите 9 минути губевме со 7-1, а по 15 минути игра имавме постигнато само 3 гола. Најмногу што успеавме да намалиме беше на 10-6, но потоа следуваа исклучувањата на Маркоски и Јоноски и Тунис повторно направи поголема разлика.
Останува да видиме дали нешто Обрван и нашите ракометари ќе успеат да променат во второто полувреме. Очекувањата секако се поголеми…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст