Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) во денешното соопштение до медиумите изразува зачуденост од, како што се наведува, „изјавата на претседателот на СДСМ Зоран Заев во врска со неговото повикување на синдикатите во некаков народен фронт“.
Во продолжение ви ја пренесуваме нивната реакција во целост:
Нашите членови и нивните семејства сакаат просперитетна иднина. Сакаат повисоки плати и подобри услови за работа. Нашите членови сакаат повеќе права и очекуваат отворање на нови работни места за нив и нивните деца. Нашите членови сакаат кризата во Република Македонија да заврши што е можно поскоро, а не да се пролонгира во недоглед. На тој начин губат и тие и сите граѓани на Република Македонија. Нашите членови не сакаат деструкција и бескрајни подземни политички игри кои никому не му носат добро.
Затоа ја известуваме целокупната македонска јавност дека сме зачудени од изјавата на Претседателот на СДСМ во врска со неговото повикување на синдикатите во некаков народен фронт, кој ќе го формирал.
Изјавата на Зоран Заев е невиден преседан во политичкото делување, не само во нашата држава, туку и пошироко во демократска Европа. Преседан, кој не се случил уште од времето на болшевизмот.
Го потсетуваме дека синдикатите, како организации кои постојат во сите демократски држави во светот, имаат своја област на делување, која воопшто не е партиска политика, а со највисоките меѓународни документи на Обединетите нации, како и со Уставот и законите на Република Македонија е загарантирана нивната слобода на организирање и нивното слободно делување во делот на правата од работниот однос. Согласно Кривичниот законик на Република Македонија, мешањето во нивното работење и делување претставува кривично дело.
Во изјавата на Претседателот на СДСМ, се направени тешки повреди на неколку закони. Со неговиот повик до наставниците и професорите да се вклучат во најавениот народен фронт, директно се крши со закон забранетото политичко делување на вработените во образованието во сите степени.
Синдикатите од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија и синдикати од Сојузот на синдикати на Македонија, бараат Претседателот на СДСМ веднаш да се извини за овој, упад во основите на демократското општество. Ваквиот преседан на Зоран Заев може да предизвика огромни социјални и економски последици и затоа лидерот на СДСМ мора да престане со секакво мешање во работата и делувањето на синдикатите во Република Македонија. За ваквото незаконско делување на лидерот на СДСМ ќе ги известиме сите синдикални организации на европско и светско ниво, во кои се членки синдикатите од Република Македонија.
Зоран Заев е еден од најодговорните учесници и иницијатори на кризната состојба во која се наоѓа државата. Затоа од него се очекува поодговорно однесување кое ќе придонесе за излез од сложената ситуација во која се наоѓаме. Ние како синдикални претставници, очекуваме тој да ги преземе обврските кои ги има преземено со договорите потпишани со посредство на меѓународните претставници. Затоа апелираме наместо со насилтво и протести на кои ги повикува и синдикатите, да се обиде да ја добие поддршката на граѓаните по демократски пат, на изборите кои се закажани на 5 јуни.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст