Во близина на сиријскиот град Алеп се собираат голем број терористи што говори за тоа дека се подготува голем напад на позициите на владините сили. Ова го изјави портаролот на руското Министерство за одбрана Игор Конашенков.
Според неговите зборови се работи за 1.200 терористи, 10 тенка и 30 џипа со вградени митралези.
– Оваа бројка на борци говори за тоа дека е во тек подготовка за уште еден напад на позицијата на владините сили во Алеп – изјави тој.
Тој изјави дека сиријската војска моментно под контрола држи значаен дел од територијата на земјата и дека за последните шест месеци со помош на патриотските сили и поддршка на руската авијација ослободи околу 500 населени места и преку 10 илјади квадратни километри земја.
Сиријската војска воспоставила потполна контрола само во местата каде што постои локална самоуправа, а последен таков град е Карјатејн.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст