| четврток, 6 декември 2018 |

На Филмската академија во Охрид почна фестивалот „Филмоушн“

Вчеравечер на Институтот за филм – Филмска Академија во Охрид беше отворен првиот филмски фестивал „Фелмоушн“ (Feelmotion), кој ќе трае до утре, 10-ти април 2016 година.

Овој тридневен настан, кој се организира со поддршка на општина Охрид предвидува разновидна и богата програма, вклучувајќи проекции на филмови, работилници и мини концерти.

film_(3)

На фестивалот со сопствени филмови ќе учествуваат Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип, „Есра“ и „ФДУ“ од Скопје, „Тетовскиот Универзитет“ и универзитетот „Хасан Приштина“ од Косово.

Работилниците ќе бидат водени од продуцентите: Огнен Антов, Борис Дамовски, Атанас Георгиев и Жарко Иванов. За музичката програма ќе се погрижи Тони Трио.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top