| четврток, 6 декември 2018 |

Потребна ви е работа? Погледнете каков кадар се бара во Италија

Италијанските власти соопштија дека во таа земја и се потребни илјадници информатичари за да ги пополнат испразнетите места.

Како што пишува италијанскиот „Локал“ Министерството за труд на Италија оваа седмица соопшти дека 2015 година биле испразнети 76 илјади работни места во секторот технологија и индустрија. Од овој број 41,8 отсто се однесуваат на информатичари, а 30 отсто на инженери.

За поголемиот број професии во Италија е можно да се најде стручен кадар. Но, постојат професии каде што испразнетиот број работни места е многу висок – велат од министерството.

Најголем дефицит на стручен кадар е во областа на технологијата и инжинерството, бидејќи, како што се наведува последните години голем број млади и високообразовани кадри заминуваат од земјата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top